Иако и двата меча ги играат дома

ЖРК Металург со кратка одисеја во ЕХФ Купот

објавено: 8 септември 2018 - 18:11

Македонскиот ракометен вицешампион ЖРК Металург загуби убедливо на првиот од двата меча во рамките на Купот на ЕХФ против екипата на Париз. Нашиот тим и двата меча ги игра на домашен терен, но на првиот не се прослави и загуби убедливо со 31:15.

Гостинките покажаа дека се супериорни уште во првото полувреме кога направија голема и недостижна предност. На полувреме заминаа со 13 гола разлика и му дозволија на Металург да запише само 4 погодоци.

Ништо поразлично не беше и во вториот дел. Париз го диктираше темпото, а нашиот тим само се обидуваше да ја намали разликата. Најефикасна во составот на ЖРК Mеталург беше Гулицоска со четири гола, додека кај парижанки со 7 гола најефикасна н амечот беше Хорачек. Вториот меч се игра исто така во „Автокоманда" утре со почеток од 16.30 часот.

Најново во Ракомет