ПОТВРДЕНА ЕЛИМИНАЦИЈАТА ОД КУПОТ НА ЕХФ

ЖРК Металург само еднаш погоди во мрежата на Париз

ЖРК Металург ги заврши настапите на европска сцена. Ракометарките на тимот од Автокоманда го загубија и вториот дуел со Иси Париз со 33-11.

објавено: 9 септември 2018 - 18:34

ЖРК Металург ги заврши настапите на европска сцена. Ракометарките на тимот од Автокоманда го загубија и вториот дуел со Иси Париз со 33-11 (15-10). 

Францускиот тим немаше милост за македонскиот состав, во второто полувреме избраничките на Јулијана Дамчевска постигнаа само еден гол и тоа од седум метри. Гулицоска во 55. минута последна реализираше за ЖРК Металург. Гичевска со три погодоци беше прв стрелец, Арсениевска, Граматова и Гулицоска постигнаа по два гола. 

Првиот натпревар кој се одигра вчера во Скопје, заврши со триумф на гостинките од 15-31.

 

Најново во Ракомет