ПОЗНАТ ПРОТИВНИКОТ ВО 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЕХФ-КУПОТ

Тинекс Пролет го доби шампионот на Чешка

Во премиерата во ЕХФ купот ракометарите на Пролет за противник го добија шампионот на Чешка, Карвина, со кој ќе се соочат во второто квалификациско коло.

објавено: 17 јули 2018 - 12:04

Во премиерата во ЕХФ купот ракометарите на Пролет за противник го добија шампионот на Чешка, Карвина, со кој ќе се соочат во второто квалификациско коло.

Еден од најуспешните чешки ракометни клубови, кој по осум години успеја одново да дојде до шампионскиот трофеј е пречката за Пролет. Карвина, од 2012 година апстинира од европските клупски купови и сега се враќа повторно на сцената.

Ждрепката имаше полудиригиран изглед за второто квалификациско коло поради договорот екипи од Косово и Србија да не се соочуваат како на клупски, така и на репрезентативен план.

Првиот натпревар се игра на 6/7 октомври, додека реваншот е на 13/14 октомври.

Доколку излезе како победник од двомечот Пролет ќе обезбеди пласман во третото квалификациско коло, каде има шанси да се соочи со Еурофарм Работник, кој мирно ја следеше денешната ждрепка со оглед на тоа дека имаше директно обезбедено место во третото коло.

Најново во Ракомет