МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК СО ДВА ПОРАЗИ ВО ЧЕШКА

Пролет елиминиран од ЕХФ Купот

Откако нашиот суперлигаш вчера беше поразен во првиот натпревар од второто квалификациско коло (26:22), денеска доживеа нов во Чешка и така доживеа елиминација во ЕХФ Купот.

објавено: 14 октомври 2018 - 12:06

Составот на Пролет по втор пат е надигран од екипата на Карвина овојпат со конечен резултат 25:32 (9:20).

По пет гола во редовите на Пролет имаа Трајковски, А. Василевски и Ф. Василевски, а на спротивната страна по седум запишаа Мончка и Пјатек.

Пролет: Трајковски 5, А. Василевски 5, Ф. Василевски 5, Манасков 4, Јовчевски 2, Андоновски 1, Дамчески 1, Џонов 1, Мајнов 1, Аларов, Давитковски, Кимевски, Коруновски, Кристо, Манев, Стојановски. Исклучувања: 12 мин. Седмерци: 3/5

Во ова натпреварување нашата земја останува само со еден претставник, во третото и последно квалификациско коло за пласман во групите ќе игра Еурофарм Работник.

Најново во Ракомет