ЕУРОФАРМ РАБОТНИК ПОСАКУВА ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА БЕРН

Ојлески: Мора да ја зграбиме шансата и да испишеме историја

Еурофарм Работник во сабота (17:30 часот) го игра еден од двата натпревари против Берн во рамките на третото коло во Купот на ЕХФ.

објавено: 14 ноември 2018 - 17:06

Еурофарм Работник во сабота (17:30 часот) го игра еден од двата натпревари против Берн во рамките на третото коло во Купот на ЕХФ. Реванш ќе се одигра на 25 ноември, а победникот од двомечот ќе обезбеди настап во групната фаза на второто по ранг европско натреварување.

„Ни престојат два натпревари против една од најсилните швајцарски екипи, а 120 минути не делат од пласманот во лигата на Европа. Во сабота се првите 60. минути во Битола и ќе ни треба многу работа, концетрација, волја, кои мораме да ги искористиме максимално. Убеден сум дека победникот ќе се решава во Берн. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите да дојдат во сала, бидејќи оваа екипи со односнот кон работата и игрите кои ги прикажа го заслужува. Берн е одличен противник, добро подготвен на секој план и затоа посакувам победнички амбиент на трибините, за дополнителна енергија и да направиме голем успех“, изјави тренерот Ѓорѓе Чирковиќ

Ракометарите на битолскиот тим посакуваат да испишат историја, гладни се за пресметки со уште поголеми екипи. 

„Со нетрпение го очекуваме овој натпревар уште од август месец кога стартуваа подговките. Екипата оваа година има повисоки цели, ланската во Челинџ купот, а оваа не очекува ново напреварување каде имаме шанси да испишеме голем успех со влегувањето во групната фаза кога ќе се натпреваруваме со поголеми и позвучни екипи“, рече Гоце Ојлески. 

Најново во Ракомет