ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИТЕ СО ПОЛОВИЧЕН УСПЕХ ВО ЕХФ КУПОТ

Митревски и Марковски близу до целта, тешко за Ристовски

Никола Митревски и Велко Марковски и нивната Констанца предводена Звонко Шундовски славеа на гости кај Малме со 22-23. Борко Ристовски и Бенфика на домашен терен беа совладани од Хановер со 41-36. 

објавено: 17 ноември 2018 - 21:43

Екипата на Констанца за која настапуваат Никола Митревски и Велко Марковски направи важен чекор кон пласманот во групната фаза во ЕХФ Купот. Романскиот тим предводен од екс-селекторот на македонската репрезентација на гостински терен го совлада Малме со 22-23, благодарение на Митревски кој во клучните моменти имаше неколку интервенции.

За разлика од нив, Борко Ристовски и Бенфика ги чека тешка задача во реванш мечот од третото квалификациско коло, по поразот на домашен терен од 41-36.

На победа, но во Челинџ купот се радуваа Гоце Георгиевски и ЧСМ Букурешт, беа подобри од Парнасос Строволу со 32-24. Македонскиот репрезенативец беше стрелец на три гола.

 

Најново во Ракомет