ИМА НАДЕЖ: Пелистер и Куманово против Ла Сал и Геониус во Челинџ купот

Македонските претставници во Челинџ купот во женска конкуренција, Пелистер и Куманово ги добија противниците во третото квалификациско коло од ова европско клупско натпреварување.

објавено: 17 јули 2018 - 12:28

Македонските претставници во Челинџ купот во женска конкуренција, Пелистер и Куманово ги добија противниците во третото квалификациско коло од ова европско клупско натпреварување.

За да остане во Европа, Пелистер ќе треба да го елиминира дебитантот Ла Сал од Малта, додека Куманово, пак, ќе се соочи со холандскиот тим Геониус.

Има надеж и за двата наши клуба, со оглед на тоа дека конкуренцијата е по мерка. Двомечот од третото коло се игра во средината на ноември, односно 10/11 ноември е првиот меч, а реваншот е една недела подоцна (17/18 ноември).

Шпанската екипа Рокаса поради високиот рејтинг е единствената со директен пласман во осминафиналето.

Најново во Ракомет