ДОБРА НАЈАВА ЗА „ЛАВОВИТЕ“ ПРЕД НОВАТА СЕЗОНА 2018/19

Екс-Вардарецот Абутовиќ и Талески со трофејот во Суперкупот на Германија! (ФОТО)

Денеска во рамките од Суперкупот на Германија (25. по ред), составот на Рајн-Некар Левен со резултат 33:26 (18:16) го совлада Фленсбург.

објавено: 22 август 2018 - 21:42

На натпреварот одигран во Дизелдорф најефикасен во победничките редови беше Енди Шмид со 10 голови, а на спротивната страна Закаријасен стрелаше шест пати.

Во тимот на Рајн Некар македонскиот репрезентативец Филип Талески немаше погодок, а познато е тоа дека Илија Абутовиќ, поранешен играч на Вардар, е посебно ангажиран во делот на одбраната.

Новата сезона во Бундеслигата за популарните „лавови" од Манхајм ќе започне официјално на 25. август на домашен терен против Лемго.

Најново во Ракомет