ОД МЕТАЛУРГ БИЛЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРОМЕНИ

„Знаевме дека ќе дојде денот на пост-черварова фаза“

Металург по подолго време, денеска пред медиумите ги презентираше плановите за новата сезона.

објавено: 25 јули 2018 - 12:35

Металург по подолго време, денеска пред медиумите ги презентираше плановите за новата сезона. Заминувањето на Лино Червар не е шок за челниците на клубот, како што велат сами, знаеле дека ќе дојде денот кога ќе мора да се разделат со искусниот хрватски стратег. 

Претседателот на Металург, Зоран Цветановски му се заблагодари на Червар и му посака добредојде на Данило Брестовац, кој во моментов е најдоброто решение за кормилото на младиот тим од Автокоманда. 

„Сите сте добро упатени во случувањата во македонскиот ракомет и во Металург. Сите знаевме дека ќе дојде денот на пост-черваризација еден ден ќе мора да си замине од овде и дека ние ќе мора да продолжиме понатаму. Еден од потезите, кој според мене е логичен, е тоа да го назначиме Данило Брестовац за прв тренер на Металург. Тој одлично ги знае методите и принципите на Червар. Јасно ни е на сите дека треба да продолжиме со тоа што го работиме досега, со млади категории. Последните години излегоа многу играчи од Металург, и во Македонија и во странство. Претстојната сезона ќе играме во СЕХА Лига и во Лигата на шампионите. Тоа е обврска и привилегија, но мора да се оддолжиме на тие луѓе што имаат доверба во нас", изјави Зоран Цветановски, претседател на Металург.

Најново во Ракомет