НОВАТА СЕЗОНА ЌЕ ПОЧНЕ СО ПРОМЕНИ

Жените со две нови имиња и нов систем

Новата сезона во женската лига ќе започне на 8. или 9. септември, ЦЕМС и Спартак се новите имиња.

објавено: 22 јуни 2018 - 11:30

На денешниот состанок во женската лига, која е најранливиот дел во македонскиот ракомет по долга дискусија беше донесена одлука системот на натпреварување да биде двокружен систем, поточно 18. кола (16 натпревари) во регуларниот дел. По завршувањето на овој дел ќе се игра плеј-оф и плеј-аут, во битката за титулата ќе се борат пет тима.

Во новата сезона која ќе започне на 8 или 9 септември, има две нови екипи ЦЕМС и Спартак, а лигата ќе брои девет тима, еден повеќе од минатата сезона. Меѓу клубовите има расположение до стартот на првенството да остават место и за нова екипа. 

Во првото коло ќе се сретнат: Деспина - Овче Поле, Вардар - Куманово, Гевгелија - Спартак, ЦЕМС - Пелистер, Металург е слободен. 

Екипи што ќе се натпреваруваат во сезоната 2018/2019 во Женска лига:

Вардар
Металург
Пелистер
Куманово
Деспина
Овче Поле
Гевгелија
ЦЕМС
Спартак

 

 

Најново во Ракомет