ПО ОФИЦИЈАЛНОТО ЗАМИНУВАЊЕ НА ЛИНО ЧЕРВАР

Во Металург се знае кој ќе биде тренер, кој играч ќе остане, кој ќе замине

По речиси очекуваното и дефинитивно заминување на Лино Червар од таборот на Металург, решена е дилемата околу тренерското име. 

објавено: 3 јули 2018 - 08:30

По официјалната промоција на Лино Червар на „кормилото“ на ППД Ззагреб, Металург за брзо време го реши проблемот со тренерското име. И во новата сезона тимот од Автокоманда ќе го предводи Александар Јовиќ, кој со сопственикот на клубот, Минчо Јорданов, имале успешни преговори, по кои неофицијално тренерот добил „зелено светло" да прави план и подготовки за тимот за подготвителниот период за новата сезона. 

Што се однесува токму до ростерот, Халил Јагањац е веќе на излезната врата. Хрватскиот репрезентативец заминува заедно со Червар, кој пак по секоја цена го сака во ППД Загреб, „базата“ во која селекторот на „коцкестите“ ќе ја создава ракометната иднина на својата земја.

Добра вест за Металург е што македонскиот репрезентативец Мартин Велковски и во следните две сезони ќе го носи дресот на вицепрвакот. Клубот и десниот бек ја продолжија соработката, па Велковски заедно со Филип Кузмановски ќе бидат главните носители на играта на бековската линија.

 

 

Најново во Ракомет