ВИСТИНСКИ ПРАЗНИК НА РАКОМЕТОТ

Во феноменална атмосфера, oхриѓани го добија езерското дерби

Охрид на домашен терен ја совлада над Струга со 26-23 во првото езерско дерби сезонава.

објавено: 20 октомври 2018 - 21:28

Спектакл во „Билјанини извори“, поводот езерското ракометно дерби, кое му припадна на Охрид, ја совлада Струга со 26-23 во првата пресметка сезона во Супер-лигата. Покрај лавовската битка на теренот, за одбележување е одличната атмосфера на трибините, вечерва во Охрид беше вистински празник на ракометот. 

По нерешение 13-13 на полувремето, изедначената борба продолжи по одморот, а домаќинот до победата дојде во последните десет минути, влегоа со два гола предност која до крајот умешно ја сочуваа.

Георгиевски и Блажевски со шест гола беа најдобри кај Охрид, на другата страна Дарио Петровски имаше осум гола.

 

Најново во Ракомет