ПО ПОРАЗОТ ОД ППД ЗАГРЕБ

Вардарци се „разбегаа“: Мораес е во Лондон, Карачиќ во Мостар...

По двата порази од Келце во Лигата на шампионите и од ППД Загреб во СЕХА-лига, дел од ракометарите на Вардар заминаа на краток одмор.  

објавено: 17 октомври 2018 - 19:45

ЕХФ-неделата која е резервирана за репрезентациите добро ќе им дојде на ракометарите на Вардар по двата порази од Келце во Лигата на шампионите, а потоа од ППД Загреб во СЕХА-лигата. По вчерашното гостување кај „плинарите“ дел од играчите заминаа на краток одмор, дел од нив ќе се вратат во Скопје, додека дел ќе настапат во националниот дрес на својата земја. 

Распустот во „Јане Сандански“ трае до понеделник, Чупиќ, Војводиќ, Гедбан, Скубе и уште неколку ракометари ќе продолжат со тренинзи, додека останатите ќе се приклучат по завршувањето на ЕХФ-неделата.

Слободните денови по згуснатиот распоред на двата фронта, Рожерио Мораес го искористи за посета на Лондон, каде е заедно со својата сопруга. Карачиќ се пријави во Мостар од каде ќе замине на првиот собир на хрватската репрезентација за квалификаците дуелите за пласман на ЕП 2020 година. 

Обврски кон националниот тим на Македонија ќе имаат Столе Стоилов и Мартин Поповски. Раул Гонзалез во битката за ново учество на континенталните натпреварување ќе се соочат со Турција на 25 овој месец во Битола и со Грција три дена подоцна. Во нашата група уште е репрезентацијата на Исланд. 

 

Најново во Ракомет