ЗАПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА ВО ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА ЛИГА

Вардар за 11 секунди испушти победа, Пелистер со лесна задача

Младиот и неискусен тим на Вардар имаше убава шанса уште во првото коло во женската лига да оствари победа против фаворизираните гостинки од Куманово...

објавено: 8 септември 2018 - 18:02

Бранителот на трофејот само поради својата брзоплетост во последните 11 секунди од натпреварот му дозволија на противникот да замине со бод. Средбата заврши со реми 30-30 (16-12), а „црвено-црните" имаат за што да жалат на овој натпревар.

Вардарки имаа 11 секунди за последниот напад и тајм аут на кои тренерот Симе Симовски подели совети како да се задржи топката во посед и да се сочува до последниот свиреж на судиите. И наместо да тргнат смирено и да одолговлекуваат, за неколку секунди направија грешка, Куманово ја одзеде топката и во контра преку Александра Боризовска реализираше за реми.

Ракометарките на Пелистер многу лесно со 33:23 го совлада ЦЕМС од Скопје. Во победничките редови блескаше Николовска со девет голови, а на спротивната страна четири повеќе имаше Пецанова.

Средбата Металург-Стружанка е одложена поради настапот на тимот од „Автокоманда" во Европа, во другите мечеви од рундата ќе играт Гевгелија-Спартак и Деспина-О. Поле.

Најново во Ракомет