ЗА ДВА ДО ТРИ МЕСЕЦИ ЌЕ ГО СОВЛАДА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Вардар тргна, Парондо ја има скромноста на Раул: Главна цел е да се мине групната фаза (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не е само до Раул Гонзалез, најверојатно поголем дел од шпанските стратези практикуваат без голема фама, но со многу работа да се искачат на врвот.

објавено: 24 јули 2018 - 19:13

Скромноста на Раул Гонзалез, дефинитивно нема да ни фали сезонава. Покрај темелноста, најверојатно поголем дел од шпанските стратези практикуваат без голема фама, но со многу работа и труд да се пробијат високо во Европа.

Слично, како Раул (на самите почетоци), тргна и Роберто Гарсија Парондо, како нов тренер на Вардар. Не крие дека во изминатиот период го „печел" занаетот кај неговиот сонародник. Целта на Вардар во новата сезона ја постави, прво да се мине групната фаза, иако својот тим го гледа меѓу најдобрите во Европа.

Парондо овој пат практичуваше да зборува на англиски јазик, но побара од јавноста уште два до три месеци, за да може да зборува на македонски јазик, како што тоа го практичуваше неговиот претходник, кој го остави на „тешка" мака, Вардар веќе беше на кровот на Европа, а следната година одново се пласираше на фајнл-форот во Келн.

„Со Раул соработував во последните шест години. Ние сме големи пријатели, можам да кажам научив многу работи од него. Главната цел на Вардар е прво да се мине групната фаза. Иако тимот има многу промени во составот, сепак Вардар го гледам меѓу најдобрите екипи во Европа", рече Парондо.

Македонскиот првак не го затвори ростерот, во следниот период се очекува да дојде уште еден ракометар, кој ќе има дефанзивна улога. Претпоставуваме дека тоа е Алексис Боргес од Порто, иако Парондо не сакаше да го открие неговото име.

„Фали уште еден играч во ротацијата, да помогне во одбраната, управата на клубот работи на тоа прашање".

Најново во Ракомет