ШАМПИОНОТ ПО ПОТРАГА НА ГОЛМАН

Вардар се огласи за Милиќ

И Вардар се огласи за заминувањето на Страхиња Милиќ, кој не го испочитува барањето на стручнипт штаб за намалување на тежината.

објавено: 27 јули 2018 - 12:25

И Вардар се огласи за заминувањето на Страхиња Милиќ, кој не го испочитува барањето на стручнипт штаб за намалување на тежината.

"Голманот Страхиња Милиќ повеќе не е член на нашиот клуб, откако спогодбено е раскинат договорот за соработка.

Двете страни се договорија за прекин на соработката која трае веќе седум сезони. Тој е еден од членовите што најдолго се задржа во нашиот тим.

Милиќ беше дел од најголемите клупски успеси на Вардар, како освојувањето на европската титула, четирите титули во СЕХА лигата, Пет титули во Македонија, шест трофеи во купот на Македонија и еден трофеј во Супер Купот на Македонија", се вели во известувањето на РК Вардар.

По заминувањето на Милиќ, Вардар е во голем проблем, мора да најде одма замена, бидејќи во моментов има само еден голман на располагање, Дејан Милосављев. Младиот Даниел Ѓорѓески се опоравува по операцијата на коленото.

Најново во Ракомет