СЕ ЧЕКА ПОТВРДА ОД МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

Вардар најде замена за Лука Циндриќ: Скубе доаѓа во Скопје

Вардар и натаму во тајност ги крои плановите за новата сезона, во која ќе настапи со поинаков состав и со нов „кормилар“.

објавено: 27 јуни 2018 - 19:15

И додека тимовите ширум Европа на големо се подготвуваат за новата сезона и ги официјализираат играчите, во „Јане Сандански“ и натаму се работи во молк. Вардар освен Роберто Гарсија Парондо на својата интернет страница нема потврда за ниту еден играч, а уште помалку има некоја информација околу подготовките плановите за понатаму.

Додека сите се прашуваме како ќе изгледа македонската гордост, поточно со какви сили ќе настапи во Лигата на шампионите, медиумите од надвор шпекулираат со имиња. Според „Balkan-Handball“, еден од најдобрите средни бекови во светот Сташ Скубе ќе биде замената за Лука Циндриќ.

Словенецот го напушти Пик Сегед, откако во таборот на унгарскиот тим дојде Деан Бомбач. Доколку се остварат најавите долго најавуваниот руски интернационалец Житников нема да биде во комбинација за „црвено-црниот“ дрес.

Иако нема официјална потврда од Вардар, Сергеј Харбок пред неколку месеци не криеше дека потпишал договор со македонскиот шампион. Во „црвено-црниот“ дрес во новата сезона ќе ги гледаме Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ, Иван Чупиќ, Рожерио Мораес, Данис Кристопанс, Данил Шишкарев, Тимур Дибиров, Мартин поповски, Јања Војводиќ, Вуко Борозан, Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески.

Најново во Ракомет