ПЕЛИСТЕР ФУРИОЗНО ПРОТИВ РАДОВИШ

Убедлива премиера на Петковиќ во Битола

Јошко Петковиќ со победа дебитираше на „кормилото“ на Пелистер, на домашен терен го совла

објавено: 20 октомври 2018 - 19:27

Јошко Петковиќ со убедлива победа стартуваше на клупата на Пелистер, пред домашните фанови го совлада Радовиш со 40-28 во рамките на шестото коло во Супер-лигата. 

Гостите беа рамноправен противник само во првите 15. минути (9-9), по што следеше серија на ракометарите на Пелистер за високо водство на полувремето од 21-14. До крајот битолчани ја имаа полесната задача, рутински и убедливо го приведоа мечот.

Милан Поповиќ со 11 погодоци беше прв стрелец во редовите на победничкиот тим, на другата страна Илиев имаше десет гола. 

Најново во Ракомет