ПОЗНАТА КАЗНАТА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ОХРИД И ПЕЛИСТЕР

„Тепачите" еден меч на „ладење"

Четворицата ракометари, Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески од Охрид, односно Милош Рајичиќ и Иван Димитровски од Пелистер ќе одмараат на следниот првенствен натпревар.

објавено: 16 ноември 2018 - 15:20

Фото: ohridnews.com

Четворицата ракометари, Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески од Охрид, односно Милош Рајичиќ и Иван Димитровски од Пелистер, кои заработија црвени картони поради неспортско однесување на првенствиот натпревар во средата во „Билјанини извори" ќе добијат казна од еден натпревар.

Дисциплинската комисија при РФМ одлучи тешачите да бидат еден меч на „ладење".

Тоа значи дека Охрид нема да може да смета на Георгиевски и Димитријески за неделниот дуел со Пролет, додека Пелистер ќе остане без помошта на првиот голман Рајичиќ, како и Димитровски за градското дерби со Еурофарм Работник, кое треба да се одигра следната недела, поради обврските на „фармацевтите" во ЕХФ купот.

 

Најново во Ракомет