ПОВРЕДАТА СЕПАК Е СЕРИОЗНА

СТИГНА ЛОША ВЕСТ ОД СТРАЗБУР: Стоилов ќе мора да паузира одреден период

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ќе ги пропушти првите неколку натпревари од новата сезона. Повредата која ја здоби против ПСЖ е сериозна, станува збор за скршеница на десната дланка. 

објавено: 25 август 2018 - 11:46

Во следнот период Вардар ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој има скршеница на десната дланка. На мечот со ПСЖ на турнирот во Стразбур во дуел со Лука Карабатиќ ја повреди дланката, по што во второто полувреме не влезе во игра. 

Првичните лекарски наоди покажуваат скршеница, подетални информации ќе има по враќањето во Скопје. Сигурно е дека оваа повреда ќе го оддалечи неколку недели од терените, велат од Вардар.

Листата на повредени играчи се зголеми, Парондо на овој турнир не смета на услугите на Игро Карачиќ и Вуко Борзан, а од денеска во составот ќе го нема Стоилов. 

Македонскиот првак денеска (18:15 часот) силите ќе ги одмери со Мешков Брест, победа од седум гола значат пласман во финалето. 

 

Најново во Ракомет