ВОДЕЧКИТЕ ЛУЃЕ НА ДРЖАВАТА БЕА ВООДУШЕВНИ НА ОТВОРАЊЕТО НА НОВАТА АРЕНА

СЦ Јане Сандански ги импресионира и политичарите (ФОТО)

објавено: 27 август 2013 - 14:37

Свечена лента, конфети и црвено-црни балони го украсија отворањето на најновиот и најмодерен спортски објект во Македонија, СЦ Јане Сандански и како и хотелот Русија во склоп на целиот комплекс. На свечениот чин инвеститорот Сергеј Самсоненко беше домаќин на премиерот Никола Груевски, на градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, а покрај останатите владини претставници присуствуваа ракометните клубови Вардар од сите генерации и во машка и во женска конкуренција, како и екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Груевски ја пофали иницијативата, извонредната работа и реализацијата на овој проект, кој ќе значи многу за македонскиот спорт.

„Аеродром, Скопје и Македонија добија нов репрезентативен објкет, за продолжување на успесите на ракометните клубови Вардар и на МЗТ Скопје. Ова е најнов објкет во Македонија и што е многу важно од аспект на безбедност најмодерен во земјата, можеби и на Балканот. Кога дојдов во април да видам до каде е работата, Сергеј Самсоненко ми вети дека до септември салата ќе биде изградена. Многумина не веруваа, но тој го исполни ветувањето дури можам да кажам дека и предвреме ја изгради. Затоа секоја чест и трипати браво за Сергеј Самсоненко.“, изјави Груевски.

Самсоненко се заблагодари на сите вклучени во остварувањето на оваа идеја и посака неговиот пример да го следат и други инвеститори, сѐ во корист на уште поголеми резултати во македонскиот спорт.

Уште кога ги удривме темелите во март 2013 ветив дека ќе ја изградиме салата во најбрз можен рок и тоа ветување го одржавме. Салата ја крстивме Јане Сандански по големиот македонски револуционер, а хотелот се вика Русија по мојата татковина, но и затоа што оваа година навршуваат точно 20 години од првите дипломатски односи меѓу Македонија и Русија.“,  откри претседателот на РК Вардар.

Ми велат благодарам за ова што го изгради, но ова не е само моја заслуга, ова е проект на сите. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе вклучени во изведбата, на сите 1600 работници, на сите компании кои помогнаа, 60 македонски и пет странски. Се надевам овој објект ќе го води спортот на вистински патеки и ќе биде пример за сите останати инвеститори, било од Македонија или од странство.“, дополни Самсоненко.

Најново во Ракомет