ЌЕ ДОБИЕ КОМПЛЕТНО НОВ ИЗГЛЕД

Салата „Младост“ се шминка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Спортската сала „Младост" ќе добие комплетно нов изглед до септември. Откако лани општина Битола инвестираше во реконструкција на игралиштето, кое доби европски стандарди, како и на трибините, годинава на ред се ходниците и соблекувалните, на иницијатива на ЕХФ-судиоте од овој град Димитар Митревски и Благојче Тодоровски и други вљубеници во овој спорт.

објавено: 24 јули 2018 - 15:30

ФОТО: Димитар Петковски

Податокот дека машката сениорска репрезентација во оваа сала во октомври ќе го одигра квалификацискиот дуел со Турција, како и фактот дека Битола има два клуба кои се дел од европските клупски купови сезонава, Еурофарм Работник во ЕХФ купот и ЖРК Пелистер во Челинџ купот, одржувањето на меѓународниот турнир „Боро Чурлевски" сето тоа се дополнителни мотиви за „Младост" да блесне во полн сјај.

Најново во Ракомет