ШПАНЕЦОТ КАКО ГЛАВНА ПРОВЕРКА ПРЕД СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА

Раул му дава насока на Вардар

Македонскиот првак, Вардар утре заминува во Стразбур, последната станица пред стартот на новата сезона. 

објавено: 22 август 2018 - 08:30

Вардар финишира со подготовките за новата сезона. Последениот тест македонскиот првак ќе го има во Стразбур, каде ќе биде дел од силен меѓународен турнир. По разделбата, „црвено-црните“ за првпат на другата страна за противник ќе го имаат Раул Гонзалез, дуелот против ПСЖ и шпанскиот стратег ќе биде прв за Вардар на турнирот, истиот е закажан за 24 август. 

Пред две сезони Раул во Келн беше кобен за Французите, ги спречи да го подигнат пехарот, а сега токму како тренер на овој тим ќе се обиде да го добие Вардар. 

Покрај македонскиот тим кој по вторпат е гостин во Стразбур, учество ќе земат и Веспрем за кого настапуваат Дејан Манасков и екс-вардарецот, Арпад Штербик, новиот сверопски првак, Монпелје, Нант на Кирил Лазаров, и Мешков Брест.

По враќањето од Франција, Роберто Гарсија Парондо и ќе имаат неколку денови пред настапот во првото коло во СЕХА лигата против Металург во Скопје, кој е закажан за 29 август.

Група А
ПСЖ
Вардар
Мешков

Група Б
Нант
Монпелје
Веспрем

Распоред на натпревари
23 август
ПСЖ - Мешков (18,15 ч.)
Нант - Монпелје (20,30 ч.)

24 август
Нант - Веспрем (18,15)
ПСЖ - Вардар (20,15)

25 август
Вардар - Мешков (18,15)
Монпелје - Веспрем (20,30)

Најново во Ракомет