ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА ГО ЗАТВОРИ СПИСОКОТ

Пучник до крајот на сезоната, Риберио до 2020 година во Металург

Македонскиот вицепрвак во продолжение од сезоната ќе има тројца нови ракометари. По Шпенде, Металург ги договори и Пучник и Риберио. 

објавено: 30 октомври 2018 - 14:18

По Александар Шпенде, Металург пред продолжението на сезоната потпиша две нови имиња, Гонзало Риберио (среден бек) и Миха Пучик (лев бек). 21-годишниот Риберио во Автокоманда треба да остане до јуни 2020 година, додека пак Пучник има договор до крајот на сезоната. И двајцата ракометари ќе имаат право на настап во Лигата на шампионите.

„Се договоривме и ги потпишавме двајцата. Пучник е играч на Металург до крајот на сезонава, додека со Гонзало договорот е во важност до јуни 2020. Со нив двајца и со Шпенде го затвораме ростерот, го дотеравме тимот и сега ќе бидеме мирни до декември – јануари", потврди за „СПОРТМЕДИА", претседателката на Металург, Зорица Молкоска Блажевска.

Пучник доаѓа од белгискиот Бохолт, а има играно во Горење, во Оромож и Марибор, последен тим на Риберио е Понто.  

За потсетување стратегот Данило Брестовац остана без еден од најдобрите играчи, Халил Јагањац, кој својата кариера ќе ја продолжи во Нексе. Челниците на клубот, слободата на хрватскиот репрезентативец ја наплатија дебело.


Најново во Ракомет