РАКОМЕТЕН СПЕКТАКЛ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Премиерата е доказ дека легендата „Боро Чурлевски“ живее (ФОТО)

Селкаспор е победник на првото издание на меѓународниот турнир „Боро Чурлевски", кој се одржа во чест на легендарниот играч на „пелистерци“. Битолчани уживаа во ракометниот сепктакл, кој во иднина ќе прерасне во традиција. Покрај домаќинот Пелистер, учество земаа Олимпијакос, Бутел Скопје, Кокс и Шербург Манш... 

објавено: 3 септември 2018 - 15:18

Селкаспор е победник на првото издание на меѓународниот турнир „Боро Чурлевски", кој се одржа во чест на легендарниот играч на „пелистерци". Битолчани уживаа во ракометниот сепктакл, кој во иднина ќе прерасне во традиција. Покрај домаќинот Пелистер, учество земаа Олимпијакос, Бутел Скопје, Кокс и Шербург Манш...

За најдобар голман беше прогласен чуварот на мрежата на францускиот Шербург Манш, Буша, додека најдобар стрелец е Димитриос Цирас од грчкиот првак со 21 гол. Најкорисен играч на турнирот беше прогласен Владислав Остроушко од освојувачот на пехарот, кој одигра одлично на сите три натпревари, вклучувајќи го и финалето.

Дека во Битола се сака ракометот, доказ се лицата кои беа дел од организацијата на турнирот, хонорарот кој требаше да го земат го донираа за реновирање на салата која сега го носи името на легендата „Боро Чурлевски", чиј пак дрес со бројот четири беше повлечен пред стартот на мечевите. 

МЕМОРИЈАЛ „БОРО ЧУРЛЕВСКИ"
МЕЧ ЗА 5. МЕСТО
Пелистер – Бутел 32:27
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
Кокс – Шарбур 28:25
ФИНАЛЕ
Селкаспор – Олимпијакос 31:25

 

 

Најново во Ракомет