НОВИОТ СТРАТЕГ ГИ КАЖА СВОИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Петковиќ: Не можам да ветам дека ќе го победиме Вардар, но...(ВИДЕО)

Битолчани се пофалија со новиот стратег и си посакаа многу поуспешна сезона. 

објавено: 17 октомври 2018 - 18:00

Пелистер денеска и официјално го промовираше Јшко Петковиќ, новиот стратег од кого се очекува тимот да го подигне неколку скалила погоре. Искусниот стратег за кого Битола е добро познат град, вети дека „пелистерци“ во иднина ќе играат многу подобро.

„Дојдов тука со сета сила да го направам Пелистер посериозен тим, да игра поквалитетно и да биде вистински конкурент. Сигурен сум дека во следните мечеви ќе го покажеме тоа. Не сакам да навредам некого, но она што досега е направено не е доволно за реномето на еден клуб како што е Пелистер. Се надевам дека со мојата работа и резултати ќе успеам да оставам позитивен белег, ќе бидеме успешни и ќе ги оствариме резултати кои фановите ги очекуваат од нас. Не можам да ветам дека ќе го победиме Вардар, кој е во една друга категорија, но ќе бидеме конкурентни“, изјави Јошко Петковиќ на официјалната промоција.

Петковиќ своето деби на клупата на Пелистер ќе го има на домашен терен против Радовиќ. 

 

Најново во Ракомет