ВРЕМЕ Е ЗА БИТОЛСКОТО ДЕРБИ

Пелистер му ја препушта фаворитската улога на Еурофарм

Пелистер и Еурофарм Работник денеска (18:30 часот) ќе ги одмерат силите во рамките на последното коло во Супер-лигата. 

објавено: 18 септември 2018 - 12:15

Поради технички причини дуелот меѓу Пелистер и Еурофарм Работник наместо изминатиот викенд, бешеодложен за денеска. И двата тима влегуваат со бројни новитети, но домаќинот на оваа средба фаворитската улога му ја препушта на противникот, кој во својот состав има репрезентативен шмек. 

„Сакаме излез во Европа. По бројните заминувања не беше едноставно да се направи нова екипа. Добро се подготвивме, одиграме доста пријателски натпревари, како силните тестови на турнирот во Битола. Мислам дека сме поквалитетни од минатата сезона. Желбата на сите ни е победа во градското дерби. Имаме двајца повредени десни бекови, не знам колку можеме да сметаме на нив, спремни сме за предизвикот. Со нашите навивачи како осми играч, ништо не е невозможно", изјави Томе Петрески, тренерот на Пелистер.

Битолчани се пофалија дека состојбата во клубот полека се стабилизира благодарение на Општината.

„Состојбата во клубот е стабилна, почнуваме да градиме нов имиџ, се стабилизиравме, Општината ни даде финансиски план и буџет со кој ќе се бориме за место во Европа", рече спортскиот директор, Златко Димитровски.

На другата страна Еурофарм Работник со доаѓањето на македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, најави дека оваа сезона амбициите се многу поголеми, покрај пласман во ЕХФ-Купот, битолчани сигурно ќе сакаат од следната сезона да бидат дел од СЕХА-лигата. 

 

Најново во Ракомет