Битолчани се разделија со двајца ракометари

Пелистер ја заврши соработката со Зејак и Карамиан

По одржаниот редовен состанок на кој се разговарало за тековните активности и следните планови во првенството, а во насока на подобрување на резултатите на тимот, клубот реши да ја заврши соработката со Зејак и Карамиан.

објавено: 15 ноември 2018 - 21:22

Ракометниот клуб Пелистер денеска на својот Instagram профил објави дека ја завршува соработката со двајца од своите досегашни ракометари. Стануа збор за Владимир Зејак и Мохсен Карамиан.

Како што велат од клубот, по одржаниот редовен состанок на кој се разговарало за тековните активности и следните планови во првенството, а во насока на подобрување на резултатите на тимот, клубот реши да ја заврши соработката со Зејак и Карамиан. 

 
 
 
View this post on Instagram

Ракометниот Клуб Пелистер им се заблагодарува на досегашната соработка на Владимир Зејак и Мохсен Карамиан . Денес по одржаниот редовен состанок на кој се разговараше околу тековните активности и следните планови во првенството а во насока на подобрување на резултатите на тимот клубот му се заблагодари на досегашниот ангажман на двајца свои играчи и тоа : Владимир Зејак и Мохсен Карамиан и му посакува успех во нивната понатамошна ракометна кариера. Одлуката не е предизвикана од вчерашниот пораз во Охрид напротив се темели на промените кои мора да се случат во играчкиот кадар на зелено-белиот состав под раководство на новиот тренер , Јошко Петковиќ . Со почит , РК Пелистер .

A post shared by Pelister Handball Club Bitola (@rkpelister) onNov 15, 2018 at 9:15am PST

Најново во Ракомет