СЕ РЕАЛИЗИРАА НАЈАВИТЕ НА „СПОРТМЕДИА“

ОФИЦИЈАЛНО: Кузмановски потпиша за Еурофарм Работник

Филип Кузмановски одлучи да остане дома. И откако го раскина договорот со скопски Металург, ја прифати понудата од битолскиот Еурофарм Работник и го стави потписот на договорот кој важи до крајот на сезоната.

објавено: 7 септември 2018 - 13:38

„Спортмедиа" најави, а Еурофарм Работник, односно агилната управа на битолскиот суперлигаш практично и го реализираше трансферот.

Филип Кузмановски е нов играч на Еурофарм Работник откако се согласил на сите понудени услови кои пред него ги поставил менаџерскиот тим на Е. Работник..

На тој начин заврши онаа македонска ракометна сага која траеше во изминатиот период. А се случуваше таму некаде помеѓу Автокоманда, Битола, но и некои други места, од клубовите кои беа заинтересирани за ангажман на левиот бек на нашиот национален тим.

На крајот, пресуди желбата на Кузмановски да остане дома...

Најново во Ракомет