НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА КЛУБОВИТЕ ОД ПРВАТА ЛИГА

ОД РФМ ДЕЦИДНИ: Ова е ракомет, не борилиште, казните ќе бидат уште поригорозни

„Два натпревари го расипаа впечатокот на целата сезона. Ова раководство на РФМ не дозволува неспортско однесување и во иднина казните ќе бидат уште поригорозни, со засилени санкции и промени и во Дисциплинскиот правилник. Ова е ракомет, не е бокс“ - дециден беше Камер Металари, комесар за натпреварување при РФМ.

објавено: 22 јуни 2018 - 12:25

На конференцијата на клубовите од Првата лига, моментот на кој најмногу се задржаа претставниците беа немилите настани на крајот на сезоната, кои резултираа со крајно неспротски сцени и енормни казни на играчи и на клубови.

„Два натпревари го расипаа впечатокот на целата сезона, Текстилец - Вардар Неготино и Куманово - Спартак. Ова раководство на РФМ не дозволува неспортско однесување и во иднина казните ќе бидат уште поригорозни, со засилени санкции и предлог промени во Дисциплинскиот правилник, кои ќе одат на разгледување на Управниот одбор на РФМ. Ова е ракомет, не е бокс.

Целта е сите екипи да имаат исти и рамноправни услови, да се игра ракомет и да нема попусти за никого" - дециден беше Камер Металари, комесар за натпреварување при РФМ.

Најново во Ракомет