ПРИСТИГНА НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ

Од Бутел во Битола, „пелистерци“ не мируваат

објавено: 28 јуни 2018 - 11:30

Никола Стоилевски е ново име во редовите на Пелистер. По серијата засилувања од странство, челниците на тимот се договорија со младото десно крило на РК Бутел.

"Кога е во прашање Пелистер никој не може да биде рамнодушен, ниту пак може да ја одбие понудата", по потпишувањето на договорот рече Стоилевски кој е седмиот нов играч во овој преоден рок, втор македонец по Маџовски.

Стоилевски (1998 година) потекнува од школата на Металург, минатата сезона играше во РК Бутел и беше еден од најдобрите играчи. 

Најново во Ракомет