ПО ОФИЦИЈАЛНАТА ПРОМОЦИЈА

Оцвирк: Вртам нов лист, продолжувам во европскиот гигант Вардар

Еден од најдобрите младински играчи во Европа, Словенецот Грегор Оцвирк (20) во следните три години ќе биде дел од екипата на Вардар.

објавено: 8 септември 2018 - 09:45

Вардар во следните три години во составот ќе го има ден од најдобрите младински играчи во Европа, Словенецот Грегор Оцвирк. 20-годишниот пристигна во Скопје, и ќе биде со тимот за утрешниот дуел со Татран Прешов во рамките на третото коло во СЕХА-лига, но до комплетирањето на потребната документација тој само ќе тренира.

По официјалната промоција, Оцвирк им се заблагодари на фановите на Целје, најавувајќи својот голем трансфер.

„Вртам нов лист во мојот живот. Мојата кариера ја продолжувам во европскиот гигант Вардар. Ви благодарам на сите навивачи што бевте со мене сите овие години", напиша Оцвирк.

Младиот Словенец ќе биде и замена за повредниот Сергеј Горбок, кој ќе се врати во февруари. 

 

Најново во Ракомет