ЦЕНАТА НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ЗА ЧАС СКОКНА

Нема понуда од Вардар за Кузмановски, но затоа Вујовиќ го сака!

Филип Кузмановски е во центарот на вниманието. Македонскиот репрезентативец, не сакаше да коментира за случувањата со Металург, но затоа од Вардар и Железничар беа професионални...

објавено: 4 септември 2018 - 22:21

Филип Кузмановски е во центарот на вниманието. Македонскиот репрезентативец, не сакаше да коментира за случувањата со Металург, но затоа од Вардар и Железничар беа професионални...Со потегот кој го направи Кузмановски (не отпатува со тимот и испрати барање до РФМ за исписница) ја дигна цената за час.

Во јавноста излезе информација дека Вардар веќе е во преговори со него, но тренерот Роберто Гарсија Парондо, демантираше дека имале контакт со него.

„Кузмановски е играч на Металург и колку што знам нашиот тим нема никаков контакт со него", краток беше Парондо.

Веселин Вуковиќ пак не криеше дека и Железничар би сакал да има играч како Кузмановски, според него пресудни ќе бидат парите, нешто што во Металург не го добиваше редовно. 

„Која екипа ќе понуди најмногу пари, таа ќе го добие Филип Кузмановски. Нашиот ростер е отворен до февруари, а до тогаш можеме да губиме и да победуваме", рече Вујовиќ.

Што се однесува до играта, очекувањата на Желеничар не биле поинакви од крајниот епилог.

„Нема многу што да се каже. Ние се трудевме да одиграме добар меч, за да се стабилизираме психолошки. Јасно беше кој е фаворит на овој меч. Заслужено победа на Вардар. Секој има свои грижи, свои цели, се надевам дека Вардар ќе игра важна улога сезонава во ЛШ и во СЕХА". 

Парондо пак има право на задоволство, Вардар вечерва беше далеку подбар од претходниот меч.

„Денеска игравме подобор од претходниот меч. Среќни сме поради начинот на кој одигравме. Не е лесно да се победи со ваков резултат против овој тим, без оглед што се млади и неискусни", вели Парондо.

Најново во Ракомет