МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ИМАШЕ ВОДСТВО, НО НЕ ИЗДРЖА

На крајот последни во Стразбур: Лазаров и Нант не блескаа, но го добија „ранетиот“ Вардар

Во последниот меч за петото место на турнирот во Стразбур, Вардарци беа поразени од Нант со 29-27 (14-12).

објавено: 26 август 2018 - 14:31

Со два порази и едно реми, со последно освоено место на турнирот во Стразбур, Вардар се враќа од последната контрола пред стартот на новата сезона. Дали „црвено-црните" се подготвени и што точно може да очекуваме, одговорот на ова прашање ќе го дознаеме нешто подоцна, бидејќи вистинското лице, македонскиот првак ќе го покаже кога ќе биде комплетен. Надвор од стројот се Стоилов, Карачиќ и Борозан.

Во последниот меч за петото место беа поразени од Нант со 29-27 (14-12). Дејан Милосављев имаше девет интервенции, додека Горбок и Кристопанс со по пет гола беа први стрелци, Чупиќ и Дибиров имаа еден помалку.

„Црвено-црните" беа подобар противник во првото полувреме, но отсуството на тројцата играчи во составот и тоа како влијаше врз играта. Нант го отвори мечот имаше водство на стартот, македонскиот првак поведе со 3-5, во 13. минута дојде до највиските 4-8 во овој дел од играта.

Францускиот тим се врати, набрзина постигна четири гола за изедначување во 16. минута (8-8). Вардар се „собра" на две минути до крајот имаше плус три (11-14), но одново набрзина ја „прокоцка" позитивата, на полувремето резултатот бепе 14-15. 

Неизвесно второ полувреме, противникот со серија од 3-1 поведе со 17-16 во 38. минута. До 42. минута Вардар беше во предност од еден гол, но Нант успеа со два гола во низа да дојде до 20-19, па македонскиот тим беше тој го бркаше резултатот.

„Црвено-црните" паднаа во клучните десет минути, Лазаров и неговите соиграчи влегоа со позитива од 25-22. се бореа избраниците на Парондо, не се предаваа, на две минути до крајот успеаја да израмнат на 26-26 приредувајќи нова драма во Стразбур. Во последната минута не издржаа, по 27-27, нант постигна два гола за конечни 29-27. 

Парондо ќе има два дена за подготовка за дуелот со Металург во рамките на првото коло во СЕХА-лига, кое е закажано за в среда (20:15 часот). Ова ќе биде втора средба меѓу двата најдобри тима во моментов, претходно се пресметаа во Супер-купот, кој му припадна на актуелниот првак. 

Најново во Ракомет