„СПОРТ“ ГИ ДОЗНАВА ДЕТАЛИТЕ

МУ ПУКНАЛ „ФИЛМОТ“: Кузмановски ја открил големата тајна на газдата на Металург

На соработката меѓу Филип Кузмановски и Металург и дојде крајот. Македонскиот репрезентативец до РФМ веќе поднесе барање за раскин на договорот. 

објавено: 4 септември 2018 - 16:29

Во Металург не само што и натаму трае хаосот, истиот кулминираше, токму денеска со официјалното барање на Филип Кузмановски до РФМ за раскин на договорот со тимот од Автокоманда.

Заминувањето на македонскиот репрезентативец не е изненадување, ова го најавуваше месеци наназад, а причината е позната - заостанатиот долг, кој газадата Минчо Јорданов го има речиси кон сите ракометари.

Е токму ова речиси, менува многу, поточно го натерал Кузмановски да пресече и да стави крај на сагата...

Трпението на репрезентативецот попуштило кога ја открил големата тајна на Јорданов и уште еден играч. Играта на мајка и маќеа во таборот на тимот од Автокоманда било пресудно, капитенот да не отпатува за Белорусија, каде утре Металург игра со Мешков Брест во рамките на второто коло од СЕХА-лигата.

Кој е ракометарот кој ги скара Кузмановски и Металург прочитајте во утрешното издание на единствениот спортски весник кај нас „СПОРТ’....

Најново во Ракомет