ДОДЕКА ЈА ЧЕКА СЛОБОДАТА, ПОНУДИТЕ ОД ДЕН НА ДЕН РАСТАТ

Мотор Запорожје му нуди богатство на Кузмановски

Филип Кузмановски и Жарко Пешевски би можеле одново да бидат соиграчи. И украинскиот тим влезе во трката за услугите на капитенот на Металург. 

објавено: 6 септември 2018 - 08:30

Додека Филип Кузмановски ја чека својата слобода, односно одлуката по неговото барање до РФМ за раскин на договорот со Металург, понудите од ден на ден се зголемуваат.

Челниците на Мотор Запорожје за кого настапува Жарко Пешевски, влегоа во трката за македонсиот репрезентативец.„Спортмедиа“ дознава дека украинскиот тим му понудил богатство на Кузмановски, подготвен е да ги исполни сите барања. Ова е одлична шанса за левиот бек, доколку сака да напредува и во многу подобра форма да го пречека СП 2019. Мотор настапува во Лигата на шампионите, заедно во група со ПСЖ, ППД Загреб, Нант... 

Покрај украинскиот клуб, Кузмановски има понуда од ППД Загреб и Лино Червар. Како што објавува единствениот спортски весник кај нас „СПОРТ“, хрватскиот стратег ги дигнал на нозе сите во клубот, од челниците побарал да најдат дополнителни финансиски средства.

Она што е доста интересно е што ниту Еурофарм Работник не се откажува. Битолчани слично како и Мотор одлучија да не се штедат, па од финансиска гледана точка, имаат најдобра понуда. За крај тука е Веселин Вујовиќ и Железничар, по мечот со Вардар, стартегот јавно откри дека во својот состав сака да има играч од калибарот на Кузмановски.

Што ќе одбере репрезентативецот останува да биде познато наскоро...

 

Најново во Ракомет