НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА, СТРУЖАНИ НЕ ГУБАТ ВРЕМЕ

Мојсовски и Бошковски си подадоа рака

Андон Бошковски ќе биде новиот тренер на Струга, кој обезбеди место во Супер-лигата. 

објавено: 22 јуни 2018 - 08:48

Струга одново живнува на ракометен план, благодарение на некогашниот македонски репрезентативец, а сегашен претседател на тимот, Наумче Мојсовски.

Откако клубот избори место во Супер-лигата, започна со градење на составот за новата сезона. Првиот сериозен чекор кој е превзема Мојсовски е поставување на тренер со искуство, довербата ја доби Андон Бошковски, нешто што се најавуваше уште од април месец, а се чекаше само Струга да се пласира во Супер-лигата, каде се врати по пауза од 15 години.

Бошковски кој е селектор на Грузија, во својата кариера ги има водено екипите на Металург, Вардар, Работнички и Еурофарм Работник.

 

Најново во Ракомет