Раководни промени во струмичката екипа

Мириса на нов тренер во Зомимак: Димитар Пандев прекомандуван во младинската школа

Досегашниот асистент на Пандев, Марјан Андонов, ќе ја води екипата на стартот на пролетниот дел од Суперлигата

објавено: 6 март 2014 - 11:24

По промените во играчкиот кадар РК Зомимак-М повлече потег и во раководните редови. Досегашниот прв тренер, Димитар Пандев е прекомандуван во младинската школа, а неговиот асистент Марјан Андонов останува лидер на сениорската екипа.

Успехот и афирмацијата на Зомимак во последниве години се случија под палката на Андонов и затоа клубот реши неговиот потенцијал да го насочи кон помладите генерации. Потегот е во интерес на долгорочната иднина на Зомимак, затоа што целта е младинската школа да биде расадник на првиот тим.

Истовремено, овој потег може да се сфати и како најава за ново тренерско име на клупата на струмичани, пред да почне главната битка на домашните фронтови. Суперлигата почнува со натпреварот меѓу Металург Јуниор и Зомимак, во Скопје.

 

Најново во Ракомет