ВАРДАРОВИОТ ГОЛМАН ЗА „СПОРТМЕДИА“ ГО ПОТВРДИ ЗАМИНУВАЊЕТО

Милиќ: Требаше да ја намалам тежината, но не успеав...Разделбата со Вардар е најдобро решение

Нов проблем за Вардар на самиот старт на подготовките. Македонскиот првак во моментов има на располагање само еден голман, Дејан Милосављев. 

објавено: 26 јули 2018 - 20:51

Нов проблем за Вардар на самиот старт на подготовките. Македонскиот првак во моментов има на располагање само еден голман, Дејан Милосављев, Страхиња Милиќ го напушти клубот, а младиот Даниел Ѓорѓески е повреден и ќе се врати кон средината на ноември.

Милиќ и Вардар одлучија да се разделат, откако српскиот чувар на мрежата на македонскиот првак не успеа да ослабе, како што претходно било побарана од него од страна на стручниот штаб. Тој за „Спортмедиа“ на кратко ни потврди дека заминува...

„Во текот на летниот период требаше да ја намалам тежината, но не успеав во тоа. Клубот ми понуди нов договор, кој не беше прифатлив за мене и за тоа одлучивме да се разделиме. Мислам дека така е најдобро, по сите овие години квалиетна соработка“, изјави за „СПОРТМЕДИА“, Милиќ.

Ова се дополнителни главоболки за новиот стратег Роберто Гарсија Парондо, Милиќ требаше да биде главен на мрежата на Вардар, по заминувањето на Арпад Штербик, кој дефинитивно ќе биде незаменлив на голот. 

 

Најново во Ракомет