НЕМААТ СРЕЌА

Металург се враќа со нов проблем од Брест

За претстојниот дуел со Извиѓач (недела), тренерот Данило Брестовац нема да може да смета на услугите на Томислав Јагуриновски. 

објавено: 6 септември 2018 - 16:00

Томислав Јагуриновски е новиот играч на Металург кој се пресели на списокот на повредени играчи. На вчерашниот меч со Мешков Брест се повреди во првото полувреме и веќе не се врати во игра.

Првичните информации велат дека станува збор за повреда на скочниот зглоб, веднаш се појавил оток и најверојатно ќе треба да пауизира најмалку десетина дена. Сепак вистинската дијагноза ќе биде позната викендов, што пак значи дека на дуелот против Извиѓач закажан за в недела нема да биде на клупата.

Надвор од составот десетина дена е Мартин Велковски. И натаму од Металург не се огласиле со инфомација за македонскиот репрезентативец веќе одамна требаше да оди на магнет.

Третиот играч на кој Брестовац нема да смета е Филип Кузмановски. Капитенот поднесе барање за раскин на договорот со клубот и ја чека својата разврска, за да може да продолжи во друг тим.

Најново во Ракомет