БИТОЛЧАНИ НЕ ЈА МИНАА АВТОКОМАНДА

Металург го осигура второто место

Тимот од Автокоманда на домашен терен го совлада Еурофарм Работник со 29-27 во директната борба за втората позиција на табелата. 

објавено: 23 мај 2018 - 21:54

Тимот од Автокоманда на домашен терен го совлада Еурофарм Работник со 29-27 во директната борба за втората позиција на табелата. Металург на крилата на Халил Јаганц и Анте Томиќ, кој постигнаа по седум гола, во само пет дена одново го добија битолскиот состав. Кузмановски беше стрелец на пет гола, додеа на другата страна Елмир Граџан имаше 11 гола.

На две кола до крајот на првенството, каде веќе одамна се решени сите дилеми, Вардар одамна го посигна шампионскиот пехар, Металург има 19 бода, шест повеќе од Еурофарм Работник. 

Најново во Ракомет