ПРОМЕНИ ВО АВТОКОМАНДА

Металург доби нов претседател

Металург на стартот на новата сезона доби нов претседател. Секретарот во клубот, Зорица Молкоска Блажевска доаѓа на местото на Зоран Цветановски.

објавено: 18 септември 2018 - 13:06

Металург на стартот на новата сезона доби нов претседател. Станува збор за досегашниот генерален секретар, Зорица Молкоска Блажевска, која доаѓа на местото на Зоран Цветановски, досегашниот претседател на Металург.

„Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите.

Одлуката е донесена денеска и Блажевска во моментот е в.д. претседател, чие официјално назначување ќе се случи на следното собрание на Металург“, се вели во известувањето на Металург.

Блажевска е прва жена-претседател во клубовите кои учествуваат во СЕХА и Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет