ПОИНАКВО И ЗАГРИЖУВАЧКО ЛИЦЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

Мешков Брест го демолира Вардар, утре против Нант за петото место

По ремито со ПСЖ, македонскиот првак денеска претрпе убедлив пораз од Мешков Брест со 32-22, кој го смести на последното место на табелата.  

објавено: 25 август 2018 - 19:48

Две лица на Вардар во Стразбур. Ако избраниците на Роберто Гарсија Парондо вчера доминираа на дуелот со ПСЖ без Игор Карачиќ, Вуко Борозан и Стоиле Стоилов (не влезе во второто полувреме), денеска одиграа под своите можности. „Црвено-црните“ се поразени од Мешков Брест со 32-22 (13-8) и утре против Нант ќе играат за петото место на турнирот.

Ракометарите на Вардар имаа водство само во воведните минути 2-1, по 4-4, белорускиот тим со серија од 3-0 во 16. минута поведе со 4-7, на одморот беше 8-13.

Ниту одморот не промени ништо, Мешков Брест тргна со три гола за 8-17 во 35. минута, на македонскиот тим беа потребни шест минути за да го постигне првиот гол во второто полувреме. Ништо не штимаше во редовите на „црвено-црните“, во 40. минута имаа двоцифрена негатива од 10-20. Тука и беше крајот на овој дуел.

Натпреварот меѓу Вардар и Нант се игра со почеток во 13 часот.

 

 

  

 

Најново во Ракомет