УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМИ ПРИЗНАНИЕ ЗА РФМ

Македонија ќе биде домаќин на квалификациска група за СП

Македонија ги доби правата да го организира турнирот во квалификациската група 4, која ќе се одигра од 30 ноември до 2 декември оваа година. 

објавено: 19 јули 2018 - 10:30

Откако на ЕХФ Конгресот што во јуни се одржа во Глазгов беа извлечени групите за квалификациите за СП 2019 во сениорска женска конкуренција, во Виена одредени беа организаторите на четирите квалификациски групи.

Македонија ги доби правата да го организира турнирот во квалификациската група 4, каде уште ќе настапат и селекциите на Турција, Исланд и Азербејџан. Според календарот, турнирот ќе се одигра во периодот од 30 ноември до 2 декември 2018 година. Точната локација и времето на почеток на натпреварите дополнително ќе бидат одредени.

Победникот во квалификациската група ќе обезбеди учество во баражот натпреварите ќе се играат во јуни 2019 година. Во баражот ќе се пласира и најдобрата второпласирана селекција од сите четири групи. Светското првенство ќе се игра во Јапонија на крајот на ноември и почетокот на декември 2019 година.

Најново во Ракомет