ФОТО - ВЕСТ

Кузмановски од трибини го гледа Еурофарм

Ја прекина соработката со Металург, Филип Кузмановски се одлучи за враќање во Битола, каде што ги направи првите ракометни чекори.

објавено: 7 септември 2018 - 18:50

ФОТО: Димитар Петковски

Со ова засилување, Еурофарм Рhаботник ги нагласи своите амбиции и можноста сезонава да ги надмине резултатите од минатиот шампионат и Куп на Македонија.

Македонскиот репрезентативец веќе од трибините во салата „Младост" почна да го гледа својот нов клуб, наскоро левиот бек ќе го гледаме и на теренот во дресот на Еурофарм за претстојната сезона на домашната и меѓународната сцена.

Најново во Ракомет