ИСКУСНИОТ РАКОМЕТАР ГО ПОНЕСЕ МВП ПРИЗНАНИЕТО

Кузманоски е полн погодок, Еурофарм Работник има вистински лидер

Еурофарм Работник го освои меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ" во Зеница, откако во финалето го совлада Млади Рудар со убедливи 30-21. И овој пат предводник во редовите на битолскиот тим беше Горан Кузманоски, кој беше прогласен за најкорисен играч. 

објавено: 2 септември 2018 - 20:27

Еурофарм Работник доби вистински лидер во името на Горан Кузманоски. Средниот бек е пол погодок за битолскиот тим, ова се потврди и на меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“, кој се одржа во Зеница.

Еурофарм Работник го освои турнирот, откако во финалето го совлада Млади Рудар со убедливи 30-21, а главната улога ја имаше токму Кузманоски. Неговото искуство е непроценливо. Новата одлична партија во дресот на битолчани на крајот беше крунисана со МВП наградата. Ова не е прво признание за средниот бек, на турнирот во Струга беше прогласен за најдобар стрелец со 27 погодоци. 

Ваквите игри не се изненадување, Кузманоски зад себе има големи меѓународно искуство, кое останува стратегот на битолчани, Ѓорѓе Чирковиќ, максимално да го искористи во новата сезона.

Најново во Ракомет