РАЗДВИЖЕНО ВО ТАБОРОТ НА ШАМПИОНОТ

КОНЕЧНО: Вардар го потврди и Горбок

Рускиот интернационалец Сергеј Горбок во следните две сезони ќе го носи дресот на Вардар.

објавено: 14 јули 2018 - 12:43

Раздвижено е во СЦ „Јане Сандански“. Заврши летниот одмор се чини и за оние кои работат на официјалниот сајт, на кои ретко кога ставаа информација, иако Вардар важи за еден од најдобрите тимови во Европа. Па логично е секојдневно да нуди по нешто интересно, како што тоа го прави Нант, ПСЖ, Веспрем.... 

Сергеј Горбик е вториот играч од шампионскиот тим на ПИК Сегед што доаѓа во Скопје, по средниот бек Сташ Скубе кој потпиша тригодишен договор со клубот.

Договорот со десноракиот играч на руската репрезентација, Сергеј Горбок е постигнат до јуни 2020 година. Горбок ќе игра на позицијата лев бек заедно со Вуко Борозан и треба да бидат уште поубиствен танден кој ќе постигнува голови.

Во текот на вчерашниот ден „црвено-црните“ го потврди останувањето на капитенот Стојанче Стоилов, за кого „СПОРТМЕДИА“ одамна објави дека останува со Вардар. 

 

Најново во Ракомет