ВАРДАР ПОЛЕКА СЕ КОМПЛЕТИРА

Конечно добра вест: Карачиќ и Борозан се „фит“

„Карачиќ и Борозан ќе биде во составот за утрешниот меч“, изјави Парондо на денешната прес-конференција. 

објавено: 3 септември 2018 - 12:24

Конечно добри вести од таборот на Вардар по бројните повреди со кои се соочи стратегот Роберто Гарсија парондо во текот на подготовките. За утрешниот меч со Железничар во рамките на второто коло во СЕХА-лигата во составот се враќаат Игор Карачиќ и Вуко Борозан, кои не отпатуваа со тимот на турнирот во Стразбур, а ги немаше ниту против Металург.

„Карачиќ и Борозан ќе биде во составот за утрешниот натпревар. Тие се чувствуваат подобро и доколку денеска добијат дозвола тогаш може утре и да добијат шанса за да играат против Железничар“, кратко искоментира Парондо.

Веруваме дека шпанскиот стратег сигурно нема да сака да ризикува, ќе се обиде да ги поштеди и двајцата ракометари, кои ќе треба да бидат фит до стартот на Лигата на шампионите. Вардар во елитното натпреварување ќе биде без капитенот, Стојанче Стоилов, кој поради скршеница на десната дланка ќе се врати дури во декември.

 

Најново во Ракомет