ТУРНИРОТ „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“ - ЗАГРЕВАЊЕ ЗА СЕЗОНАТА

Кој рече дека не се сакаме со Грците: Олимпијакос гостин на Пелистер

РК Пелистер од оваа година па во иднина ќе биде организатор на меѓународниот турнир, "Боро Чурлевски" во чест на ракометната легенда, која прерано го напушти овој свет.  

објавено: 22 јули 2018 - 14:14

РК Пелистер од оваа година па во иднина ќе биде организатор на меѓународниот турнир, "Боро Чурлевски" во чест на ракометната легенда, која прерано го напушти овој свет. Спектаклот во Битола ќе се одржи од 30. август до 2 септември, а во салата „Младост“ гости ќе бидат Олимпијакос, Шербург, Бутел, Селксаспор и Кокс.

„Со гордост ви го најавуваме турнирот во ракомет кој ќе се одржи од 30. август до 2 септември во спортската сала "Младост" . РК Пелистер ќе бидат домаќини во втората група, а за противници ќе го има францускиот тим Шербург кој за прв пат ќе гостува во Македонија, како и шампионот на Грција, Олимпијакос кој безрезервно ја прифати поканата да гостува во конзулска Битола и да ја осети еуфоријата на најракометен град на Балканот, кратко ни искоментираа од атинскиот клуб.

Во првата група новајлијата во Суперлигата екипата на Бутел ќе ја има честа да го отвори турнирот заедно со вицешампинот на Турција, Селкаспор како и шампионот на Финска екипата на Кокс .
Општина Битола заедно со Ракометниот клуб Пелистер ќе бидат организатори и домаќини и ги повикуваме сите љубители на ракометот во Македонија да не посетат и уживаат во ракометните мајстории кои ќе се прикажат на премиерното издание на интернационалниот турнир "Боро Чурлевски" кој ќе постане традиција да се одржува“, се вели во соопштението на РК Пелистер.

Најново во Ракомет