ВЕСПРЕМ НЕ УСПЕА ДА НАЈДЕ ЛЕКОТ ЗА МОНПЕЛЈЕ

Кога Штербик нема своја вечер...

Ниту Веспрем не успеа да го сопре Монпелје. Европскиот првак славеше со 30-26 и им закажа финале на ПСЖ и Раул Гонзалез. 

објавено: 25 август 2018 - 22:58

И во Веспрем се чини ќе важи правилото од Вардар. Арпад Штербик дефинитивно е половина тим, кога искусниот голман нема своја вечер, тогаш работите на теренот не изгледаат онака како што сите посакуваат. Штербик имаше само две одбрани против Монпелје, па поразот на Веспрем од 30-26 (15-9) не е изнендувачки.

За разлика од првиот дуел, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков се запиша во листата на стрелци, постигна три гола од четири обиди, кои не беа доволни за победа.

Последниот ден од турнирот во Стразбур ќе го отворат Вардар и Нант на Кирил Лазаров во битката за петото место, од 15 часот силите на теренот ќе ги одмерат Веспрем и Мешков Брест, додека во финалето ќе се сретнат ПСЖ и Монпелје. 

Најново во Ракомет